САД, Јапонија и Јужна Кореја соопштија денеска дека целосно го активирале системот за откривање и проценка на лансирањето ракети од Северна Кореја во реално време, како и дека почнале да спроведуваат повеќе трилатерални воени вежби.
Соопштението следи еден ден откако Пјонгјанг тестираше ракета со долг дострел како одговор, како што е наведено, на воената активност на Вашингтон и неговите сојузници.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол соопшти дека Северна Кореја ќе разбере дека „провокациите“ само ќе предизвикаат дополнително страдање на таа земја.