Град Скопје денеска постави уште една елка на главниот плоштад, што наликува на онаа што беше претходно наместена и предизвика негативни и саркастични реакции меѓу граѓаните.
Двете елки, слични по големина и форма, се поставени една спроти друга, од едната и другата страна на фонтаната „Воин на коњ“. Првата, која беше целосно доукрасена вчера, има повеќе декорации на себе. Втората, пак, има само ситни новогодишни светилки.
Една од најактуелните теми деновиве на социјалните мрежи е елката на плоштадот во центарот на Скопје. Иако завчера таа беше половично накитена, во текот на вчерашниот ден елката беше довршена.