Денот на настава на турски јазик, 21 декември, неработен за граѓаните припадници на турската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 21 декември 2023 година (четврток), Ден на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик.

Треба да знаете
Последни објави