Баптистичката болница Ал Ахли, лоцирана во Појасот Газа, престана со работа, соопшти палестинското Министерство за здравство.
„Болницата Ал Ахли не е во функција поради бомбардирањето, опсадата и апсењето на медицински персонал“, се вели во соопштението, според Си-Ен-Ен.
Ал Ахли беше една од ретките делумно функционални медицински установи во Газа.
Во моментов, само 11 од 36-те болници делумно функционираат во Појасот Газа.