13 милиони евра од Буџетот на МВР се издвоени за униформи, техничка опрема и возила – имплементиравме високи европски стандарди на материјално-техничката опременост на македонската полиција, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Одговоривме на потребите за нови техничка опрема и возила:
Единицата за обука и поддршка (ЕОП) беше опремена со возила и опрема 6 возила за справување со нарушен јавен ред и мир.
Со цел модернизација на Хеликоптерската единица за полициски намени извршен е генерален сервис на летала, инсталирана е најнова дигитална комуникациска и навигациска опрема, ведро за гаснење на пожари, како и систем за гаснење на пожари.
За потребите на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ извршена е набавка на интервентни возила, рачни радиостаници, тактички комплети.
За Единицата за брзо распоредување набавени се транспортни комбиња, интервентни возила за јавен ред и мир, рачни радиостаници. За потребите не механичарската работилница во рамки на Единицата набавени се машини и алати, а опремен е и просторот на базата со набавка на душеци, ќебиња и постелнини, како и со професионални машини за пералната на Единицата.
Покрај ова, МВР во овој период од сопствениот буџет набави и четири пловни објекти со цврсто корито, од кои два 6,9 – 8 метри и два 6,4 – 7 метри, 4 приколки и гумен патролен чамец за потребите на Граничната полиција.
Го модернизиравме и возниот парк на СВР-ата, со последната набавка на 20 интервентни комбиња наменети за потребите на сите Сектори за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи, а кои се опремени со најнова високософистицирана опрема согласно поставените високи стандарди на работа на македонската полиција. Ја остваривме нашата цел за создавање на модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, целосно сообразена со стандардите и нормите на современите и квалитетни европски и светски полициски практики. А, мотивираноста на полициските службеници се рефлектираше во високи резултати во безбедносната состојба на подрачјето на целата држава, стои во објавата на Спасовски.