Односите меѓу Русија и Кина се на цврста основа, а способноста на двете земји да се соочат со предизвиците станува се посилна, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со рускиот премиер Михаил Мишустин во Пекинг.
– Денеска поставивме цврста основа за интеракција, чиј обем и квалитет се зголемуваат, а нашата способност да се спротивставиме на ризиците се зајакнува. Ова покажува отпор кон потенцијалните тешкотии и можност за заемно корисна соработка меѓу двете земји, изјави кинескиот лидер.
Си додаде дека планот за зголемување на билатералната трговија меѓу Русија и Кина на 200 милијарди долари годишно е реализиран пред предвиденото, додавајќи дека оваа бројка веќе достигнала 218,28 милијарди долари.