Долниот дом на Конгресот на Бразил одобри нацрт-законот за олеснување на еколошките дозволи за асфалтирање на автопат низ срцето на Амазон, што според научниците може да ја загрози најголемата тропска прашума во светот.
Нацрт-законот, кој беше усвоен доцна во вторникот и сè уште треба да биде одобрен од Сенатот, дозволува средствата за заштита донирани на Бразил да се користат за финансирање на проект за автопат во вредност од 1,3 милијарди долари.
Британските медиуми забележуваат дека автопатот долг околу 900 километри, од Порто Вељо до Манаус, го изградила воената хунта во седумдесеттите години на минатиот век со намера да ја насели Амазонија, но набрзо бил запуштен и главно еродиран, а сега, за време на дождовната сезона, во голема мера е непроодen.
Истражувачите на Амазон велат дека асфалтирањето на патот би предизвикало проширување на уништувањето на шумите во државата Амазонас.
Поголемиот дел од најдобро зачуваните дождовни шуми во Бразил се наоѓаат таму, првенствено поради недостатокот на патишта, а секој голем проект за автопат во Амазон предизвика зголемување на грабежот на земјиштето и нелегално уништување на шумите, забележуваат експертите.