Во Швајцарија размислуваат да дозволат продажба на кокаин за рекреативна употреба

Швајцарската престолнина Берн ја испитува пилот-програмата која ќе овозможи продажба на кокаин за рекреативна употреба.

Парламентот во Берн ја поддржа идејата со која треба да се надмине противењето на градската власт и која ќе бара промена на националниот закон.

Политиките за употреба на дрога ширум светот се развиваат, а американската сојузна држава Орегон, на пример, го декриминализираше поседувањето на мала количина кокаин во 2021 година, доколку лицето се одлучи за лечење.

Многу европски земји, вклучително Шпанија, Италија и Португалија веќе немаат затворски казни за поседување дрога, вклучително и кокаин, иако никаде не отиде толку далеку како во предлогот кој се разгледуваше во Берн.

Швајцарија го преиспитува својот став за дрогата откако некои политичари и експерти ја критикуваа целосната забрана како неефикасна.

-Војната против дрогата пропадна и мораме да разгледаме нови идеи“, рече Ева Чен, член на Советот на Берн од партијата на алтернативната левица, која беше една од предлагачите на програмата.

Според неа, контролата и легализацијата можат да дадат подобри резултати од обичната репресија.
Швајцарија е една од земјите со најголем број на луѓе кои користат кокаин.

Цирих, Базел и Женева се меѓу првите 10 градови во Европа за употреба на кокаин

Треба да знаете
Последни објави