Завршува мандатот на Јовески, в петок ќе избира в.д. државен јавен обвинител

Членовите на Советот на јавни обвинители в петок ќе изберат вршител на должноста републички јавен обвинител. Шестгодишниот мандат на актуелниот Љубомир Јовески истекува в понеделник на 25 декември. Можни наследници на Јовески се обвинителите Лидија Раичевиќ, Фатиме Фетаи и Љупчо Коцевски. Владата на вчерашната седница одлучи да достави барање до Советот на јавни обвинители за писмено мислење за секој од трите кандидати.

Државниот обвинител Јовески не ја доби поддршката на пратениците да продолжи како уставен судија предложен од власта.

Денеска унапредување со преселба во Републичкото обвинителство добија Лиле Стафанова и Наум Пановски од скопското Вишо Обвинителство.

Треба да знаете
Последни објави