Во Демократска Република Конго денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори. Првото гласање беше во Кисангани, на истокот на земјата, каде има еден час разлика од западот.
Речиси 44 милиони регистрирани гласачи, од вкупно околу 100 милиони жители, се повикани да изберат претседател, пратеници и општински советници, во многу напната политичка и безбедносна атмосфера во земјата.
Претседателот во заминување Феликс Шисекеди се бори против поделената опозиција и 18 други претседателски кандидати.
Негов главен ривал е Мојсе Катумби, бизнисмен и поранешен гувернер на рударската провинција Катанга.
Периодот пред изборите беше обележан и со нестабилна безбедносна ситуација на истокот, каде вооруженото насилство трае од средината на 1990-тите и каде е активно бунтовничкото движење М23, кое, според Шисекеди, има поддршка од властите во Кигали, Руанда.
Меѓу претседателските кандидати се Мартин Фајулу, кој тврди дека му била украдена победата на изборите во 2018 година и доктор Денис Муквеге, добитник на Нобеловата награда за мир.