Израел испрати прва понуда за ново примирје до Хамас

Седум дена примирје е најновиот прв досегаше предлог од Израел за Хамас, во замена за 40 заложници. Мешу ослободените заложници треба да се најдат жени, деца и возрасни лица. Покрај еднонеделното затишје на оружјето, Израел ќе ослободи и десетина палестински затвореници од затворите. Новиот предлог за примирје доаѓа по меѓународниот притисок врз израелските власти, но и од семејствата на луѓето кои сè уште се наоѓаат во заложништво.

Исмаил Ханија од Хамас отпатувал во Каиро, каде се водат интензивни разговори по израелската понуда, со посредство на Египет и Катар.

Двете страни во војната, која избувна на 7 октомври по нападот на Хамас во делови од јужен Израел, во ноември се согласија на хуманитарен договор кој резултираше со седумдневен прекин на огнот, ослободување на повеќе од 105 заложници и околу 240 палестински затвореници, но и достава на храна, вода и гориво во Појасот Газа кој е по опсада.

Треба да знаете
Последни објави