Кацарска во интервју за ТВ 24: Досега не сме добиле иницијатива за партијата „Десна”

Во интервју за “24 Отворено” претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска зборуваше за состојбата во Судот,  за факторите кои влијаат врз довербата на граѓаните во судството, пропаѓањето на предметите од СЈО и последиците од измените на Кривичниот законик, за притисоците врз судиите и културата на неказнивост во државата.

На прашањето дали Уставниот суд ќе одлучува за партијата Десна, чијшто претседател е осомничен за двојното убиство кое ја вознемири јавноста, претседателката ја објасни процедурата и надлежноста на Уставниот суд за одлучување за програмите и статутите на политичките партии и кажа дека досега нема пристигнато иницијатива за оваа политичка партија.

Кацарска во врска со лошата перцепцијата на граѓаните за судството и на што се должи недовербата одговори дека за креирањето на таа перцепција има повеќе причини и фактори кои придонесуваат за тоа, секако дека основно е перцепцијата ја креираат самите судии.

„Колку побрзо ги носат пресудите, колку се судиите поекспедитивни во работата, колку поквалитетни и професионални одлуки носат, секако дека граѓаните ќе го видат тоа и ќе имаат повеќе доверба во судството. Меѓутоа имаме и ситуација да понекогаш има критики од страна на политичарите и некои од нив се навистина несмасни, неосновани и сето тоа придонесува за ниската доверба.  Јас бев 34 години судија, не паметам да била пониска довербата во судството отколку што е  сега и сметам дека судиите треба максимално да се ангажираат и да се посветат на тоа. Судиската работа е многу тешка работа, тие носат одлуки со кои изрекуваат казни затвор, одлучуваат за притвори, за сопствености, за надомест на штета, одлучуваат за прашања кои ги тангираат граѓаните. Затоа мора таа правда да биде брза, затоа што спората правда е неправда. И затоа велам има повеќе причини и фактори, не може вината да се бара на една страна, но основното е кај судиите. Не треба судиите да гледаат кога завршува работнто време, тие се избрани и именувани функционери нели. Ние знаеме дека во  Собранието пратениците знаат и доцна во ноќта да завршуваат со седниците,  Владата знае исто така навечер да држи седници покрај сите други ангажмани што ги имаат, единствено, судиите како да гледаат да дојде до 15 часот за да ја напуштат судската зграда. Ова го гледаат граѓаните, вие медиумите сте постојано присутни, особено во Кривичниот суд а ја следите и рбаотата на Апелациониот суд“, рече Кацарска.

Треба да знаете
Последни објави