Доколку често се вртите во сон, многу е можно положбата на телото во која спиете да не ви одговара. Ако некогаш сте се запрашале дали положбата во која обично спиете има некаква врска со вашето здравје, ние го имаме одговорот.
Општо познати се четирите најчести пози во кои спијат повеќето луѓе, а секоја од нив има свои предности и недостатоци. Сепак, една поза е најдобра за здравјето на нашето срце и протокот на крв и лимфа.
Станува збор за спиење на левата страна.
Спиењето на левата страна е најздраво за нас поради многу причини. Добро е за здравјето на нашето срце и протокот на крв и лимфа кои се олеснуваат поради влијанието на гравитацијата во таа положба.
Исто така, кога спиете на левата страна, јазикот е во неутрална положба, што го олеснува протокот на воздухот и го спречува ‘рчењето. Спиењето во оваа положба помага и при болки во вратот и грбот, ги чисти токсините од крвта, делува превентивно на многу болести, ја подобрува функцијата на бубрезите, слезената и црниот дроб.