Францускиот министер за здравство Орелиен Русо поднесе оставка по усвојувањето на контроверзниот закон за имиграција во парламентот, јавија француските медиуми доцна синоќа.
Весниците Фигаро и Паризиен објавија за оставката на Русо, но соопштија дека не е јасно дали премиерката Елизабет Борн ја прифатила.
Русо е дел од левото крило на владата и беше противник на построгиот законски текст што парламентот го усвои синоќа, јави ДПА.
Дебатата за законот за имиграција доведе до несогласувања во француската централно-десничарска влада на премиерот Емануел Макрон