Apple на удар пред Божиќ: Ја запираат продажбата на паметни часовници!

Apple планира да ја прекине продажбата на некои верзии на Apple Watch во Соединетите држави уште оваа недела за да го спречи она што може да биде еден од најважните спорови за патенти во последните неколку години.

Компанијата потврди дека веќе нема да ги продава своите часовници од серијата 9 и ултра 2, почнувајќи од четврток.

Одлуката да се повлече еден од најпопуларните производи од полиците следи по тековниот спор со производителот на медицински уреди „Масимо“ околу неговата функција за мерење на кислород во крвта.

Во октомври, Комисијата за меѓународна трговија на САД пресуди дека Apple го прекршил патентот на Масимо за мерачот на кислород, кој користи технологија базирана на светлина за читање на нивото на кислород во крвта.

Другите модели ќе останат достапни за купување, но забраната за увоз ќе влијае на серијата 6 и погоре, како и на сите ултра модели.

Од Apple рекоа дека силно веруваат дека наодите се неточни и треба да бидат поништени. Тие, исто така, планираат да ја разгледаат одлуката во Федералниот суд.

Покрај тоа, Apple соопшти дека се доставени докази кои покажуваат како забраната негативно ќе влијае на здравствената заштита, научните и медицинските истражувања и корисниците на Apple Watch кои се потпираат на ЕКГ, мерењето на кислородот во крвта и други карактеристики поврзани со здравјето.

Apple продаде 49 милиони паметни часовници во 2022 година и околу 26,7 милиони во првите 9 месеци од 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави