Беќаровски за загаденоста: Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад


Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вечерва и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.

„Секое лошо, за добро е“, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа

Како што претходно објави „24инфо“, според податоците на апликациите за мерење на квалитетот на воздухот, во скопските населби  ПМ10 честичките се далеку над дозволените граници.

Високо ниво на загаденост е регистрирано и во Струмица, Охрид, Тетово, Кичево, Кавадарци и Велес.

Треба да знаете
Последни објави