Бујар Фундај (41) од Косово со нож ја масакрирал бремената Ванеса Балан (27) на прагот од нејзиниот стан во Тревизо, а според италијанските медиуми, суровиот убиец бил опседнат со Ванеса, со која своевремено работел во супермаркетот „Еуроспин“.
Страшното злосторство се случило вчера, а било откриено кога момчето на Ванеса, со кое има четиригодишно дете, се вратило од работа и ја нашло во локва крв.
Во текот на истрагата полицијата утврдила дека Ванеса, која била во третиот месец од бременоста, се бранела грчевито и дека имала голем број одбранбени рани на рацете, но дека убиецот најмалку седум пати ја пробол во градите и побегнал.
Набргу било утврдено дека Ванеса во октомври пријавила оти ја демне извесен Бујар Фундај од Косово, а како што пренесуваат италијанските портали, го запознала додека работел во супермаркет бидејќи бил доставувач.
Според извори од италијанските медиуми, Ванеса и Бујар имале кратка романса, а тој не сакал да се помири со раскинувањето и почнал да ја демне и да ѝ се заканува со наводно експлицитни видеа од нив двајца поради што таа го пријавила.
Кобниот ден Бујар ја чекал Ванеса да биде сама во куќата, односно нејзиниот партнер да го однесе детето во градинка и да оди на работа, а потоа и заѕвонил на вратата и штом таа отворила, се нафрлил на неа.
Убиецот ја удрил трудницата неколкупати по лицето, а потоа извадил нож. Жената жестоко се бранела, но убиецот ја пробол неколкупати во стомакот и кога паднала во локва крв, тој се свртел и побегнал.
Бујар синоќа бил уапсен во куќата во која живеел во околината на Тревизо, а на прашањата на италијанската полиција не сакал да одговори и да открие зошто ја убил бремената Ванеса.