Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ја прифатил поканата од украинскиот претседател Володимир Зеленски да имаат билатерална средба. Ова го потврдил Орбан, денеска на прес-конференција во Будимпешта, појаснувајќи дека се согласил со предлогот на Зеленски за време на краткиот разговор на 10 декември на маргините на церемонијата на положување заклетва на новиот претседател на Аргентина.
Орбан му пренел на Зеленски дека „ќе му стои на располагање“, откако украинскиот претседател му појаснил дека сака да разговараат за амбициите на неговата земја да се приклучи на Европската унија.
На самитот на ЕУ минатата недела, Орбан спречи усвојување на пакетот помош од Брисле за Киев од 50 милијарди евра (54,7 милијарди долари). Орбан беше единствениот лидер кој се спротивстави на ова, со што ја блокираше помошта, бидејќи ЕУ бара едногласност меѓу нејзините членки.