Работи кои најсреќните луѓе на светот кои живеат најдолго ги прават секое утро

Луѓето кои живеат во Окинава во Јапонија, на полуостровот Никоја во Костарика, потоа на островите Сардинија во Италија и Икарија во Грција, како и во Лома Линда во Калифорнија имаат сличен начин на живот што придонесува за нивната долговечност.

Станува збор за таканаречените „сини зони“, кои се места со најмногу жителите кои живеат и до 100 години, а важат за најсреќните луѓе на светот.

Тамошните жители биле предмет на безброј студии, а научниците барале насоки за среќен и долг живот во нивниот начин на живот, пишува „Сан“.
Излегува дека повеќето луѓе во сините зони следат едноставни утрински рутини со кои можете да го започнете денот. Од она што го јадат и пијат, до тоа како му пристапуваат на секое утро од ментална перспектива, тие се водени од одредени навики.

Имајте здрав појадок

Повеќето луѓе кои живеат во сини зони уживаат во богата и разновидна или растителна исхрана. Тие генерално јадат повеќе овошје и зеленчук и помалку црвено или преработено месо, шеќер и скробни јаглехидрати отколку во западната исхрана.

Истражувањата покажаа дека медитеранската исхрана, која се заснова на конзумирање на цели зрна, маслиново масло, грав, јаткасти плодови и риба, може да помогне да се намали ризикот од голем број болести. Тие вклучуваат Алцхајмерова болест, срцеви заболувања, мозочен удар и разни видови на рак.

Уживајте во шолја кафе

Луѓето кои живеат во овие региони пијат околу две до три шолји кафе дневно. Истражувањата покажаа дека три шолји кафе дневно помагаат да се намали ризикот од дијабетес и дебелина.

-Нашите наоди покажуваат дека кофеинот може барем делумно да ја објасни обратната поврзаност помеѓу консумирањето кафе и ризикот од дијабетес тип 2. Во меѓувреме, полифенолите – природни антиоксиданси во овој пијалок се исто така поврзани со помал ризик од деменција, се наведува во истражувањето.

Најдете ја целта на вашиот живот

Сите луѓе во сините зони следат некоја варијација на јапонската техника за среќен живот – Икигаи. Станува збор за откривање на она што му дава цел на вашиот живот – причината зошто станувате од кревет секое утро.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои чувствуваат дека имаат повисока цел имаат тенденција да живеат подолго.

Кажете му нешто убаво на првиот човек што ќе го сретнете

Начинот на кој се однесувате со луѓето на почетокот на денот може да ви даде поттик за среќа.

Авторот Ден Баутнер, кој го измислил терминот „сина зона“, вели дека секое утро го започнува со кажување нешто убаво на првиот човек што ќе го сретне.

Треба да знаете
Последни објави