Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Словенецот Александар Чеферин денеска изјави дека не е сигурен оти Барселона и Реал Мадрид знаат што прават околу Супер-лигата, наведувајќи дека фудбалот не се продава.
Судот на правдата на Европската унија денеска објави дека Европската фудбалска унија (УЕФА) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја злоупотребиле својата доминантна позиција, блокирајќи го создавањето на алтернативно натпреварување, Супер-лига, со закана за санкции, пренесува Ројтерс.
12 клуба се обидоа да основаат затворена европска Супер-лига во април 2021 година, но тој план пропадна за 48 часа. Реал Мадрид и Барселона се уште не се откажале од проектот.