Актуелниот европски и англиски фудбалски првак Манчестер сити, нема намера да се приклучи на клубовите кои би учествувале во Супер-лигата. Судот на правдата на ЕУ денеска пресуди во корист на Супер-лигата, меѓутоа многу големи клубови веќе почнаа да го откажуваат учеството во овој проект.
Ставот на „граѓаните“ останува непроменет како и во 2021 година. -Во 2021 година Манчестер сити официјално потврди дека се повлекува од идејата за Супер-лигата. Нашиот став останува непроменет. Остануваме посветени на вредностите на европскиот фудбал и ќе продолжиме да соработуваме со други клубови и да учествуваме само во натпреварите организирани од УЕФА, стои во соопштението на Манчестер сити.
Околу составот на екипите кои би прифатиле да играат во Супер – лигата се огласи и шпрвиот човек на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин кој изрази надеж дека што поскоро ќе го започнат својот турнир со два клуба !