Стојанче Ангелов не негира дека имал средби со Христијан Мицкоски, но вели опозицијата не е заинтересирана за еден мал субјект каков што е Достоинство. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ директно не дава поддршка на Законот за Воените инвалиди.
„Прв пат се видов со Мицкоски пред 2,5 години и јавно објавив. Од друга страна ние со СДСМ имаме редовна комуникација. Јас јавно кажувам дека сме имамле средба со Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ, не гледам дека тие сега се заинтересирани за еден ваков мал субјект како Достоинство. Целата оваа теза дека ние сме договорени со ВМРО-ДПМНЕ паѓа во вода. Во овој момент најобјективно е ние самостојно да настапиме на избори доколку не помине Законот за обештетување на воените инвалиди“ додава Ангелов во гостување на „Слободен печат“.
Ангелов вели дека не го плашат рејтинзите, и не го плаши позицијата после изборите туку цели да се остварат правата на Бранителите.
„Мене не ме плаши рејтингот на опозицијата ниту на власта. Што ќе се случи ако победи ВМРО-ДПМНЕ а јас сум со СДСМ? Мене ми е смачено да бидам во политика. Јас ќе частам кога ќе излезам од политика. Јас сум полицаец. Јас сум залутан во политика, имам други амбиции. Достоинство го формиравме за да решиме проблеми. Кога видовме дека ВМРО-ДПМНЕ не игнорира како здржение, формиравме партија, и тогаш не сфатија посериозно. За жал наместо ВМРО-ДПМНЕ да излезат во пресрет на нашите барања влегоа во конфликт со мене .Јас поминав пекол во рушењето на режимот“ додава Ангелов кој се надева дека во овој краток период може да има и промени по однос на нивниот закон.