Бројот на жртвите од земјотресот во северозападна Кина се искачи на 135, а околу илјада луѓе се повредени.
Ксинхуа објави дека болниците во провинцијата Гансу примиле 784 лица.
Претходно беше објавено дека 198 жители се повредени во соседната провинција Чингај.
Покрај болниците, во Гансу се поставени 19 привремени станици за прва помош и мобилна болница.
Локалната дирекција за здравство соопшти дека повеќе од 20 медицински тимови биле испратени во 35 погодени села за да ги прегледаат жителите.
Серија земјотреси со магнитуда до 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистрирана во провинцијата Гансу.