Европската комисија денеска и се извини на Хрватска што објави документ за земјата на која има знаме со грб кој почнува со бело поле, а за кое се смета дека е знамето на НДХ.
По повод објавениот документ со знаме кое нема ни круна, Европската комисија во Хрватска упати извинување на социјалната мрежа Х (Твитер) поради, како што се објаснува, „ненамерна грешка“.
„Извинувањето на Европската комисија до граѓаните, националните органи и медиумите за ненамерната грешка при опремувањето на документот за енергетско-климатскиот план со амблем кој не е државно знаме“, се вели во соопштението на Европската комисија за социјалната мрежа Х.
Во документот, Европската комисија го оценува хрватскиот нацрт на ажурираните национални енергетски и климатски планови.