Лекари без граници: Екстремен број на деца убиени и осакатени во Газа

Австралиска лекарка која ја координирала медицинската помош за Појасот Газа вели дека е ужасната од „големиот број деца кои се убиени или осакатени доживотно“ во таа палестинска енклава.

Д-р Натали Тертл, која до минатата недела помагаше да се надгледува помошта на Лекари без граници (МСФ), рече дека е многу тешко за колегите што „се обидуваат да обезбедат здравствена заштита во моменти кога може да се пука во нив од прозорецот на болницата“.

Таа изјави дека „невозможно е да се воспостави значаен одговор на оваа катастрофа поради тековните воени активности“.

„Таа ситуација создава се повеќе пациенти секој ден, така што преоптоварувањето е апсолутно огромно и луѓето немаат безбедно место каде да одат“, рече Тертл во интервју за австралиското издание на Гардијан.

Таа истакна дека секој ден во болницата „Ал Акса“ во центарот на Газа пристигнуваат од 150 до 200 пациенти, но дека „околу една третина од тие пациенти се мртви по пристигнувањето, што е многу тешко, бидејќи многу од нив се деца“.

Треба да знаете
Последни објави