Мелони го поздрави Пактот за стабилност и раст на ЕУ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони смета дека новите правила на Европската унија за јавните финансии ќе бидат подобрување за Италија во однос на претходната ситуација, во која земјата се најде поради високиот јавен долг, соопшти денеска кабинетот на премиерката.

„Премиерката Мелони го смета за важно тоа што е пронајден здраворазумски договор меѓу 27-те земји-членки на ЕУ за новиот Пакт за стабилност и раст. И покрај различните почетни позиции и барања на земјите-членки, новиот пакт е подобрување за Италија во однос на условите што ги имаше во минатото“, соопштено е од кабинетот на Мелони.

Мелони, сепак, жали што расходите за стратешки инвестиции нема автоматски да бидат исклучени од дефицитот, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Италија, која е многу задолжена, смета дека правилата се уште се премногу ригидни и „ќе ја продолжи битката за нивно менување“. Договорот за реформирање на Пактот за стабилност и раст, постигнат вчера, им дава на земјите повеќе време да ги консолидираат своите јавни финансии, што обезбедувајќи извесно олеснување за Италија, чиј јавен долг изнесува 140 отсто од БДП и нема да биде значително намален во блиска иднина.

Треба да знаете
Последни објави