Нови протести на опозицијата во Белград поради изборни неправилности

Пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград, вечерва од 18 часот почна четвртиот по ред протест на граѓаните, кои бараат распишување на избори на сите нивоа, вклучително и оние за советници на главниот град Белград. Граѓаните излегоаа на протест на повик од опозициската коалиција „Србија против насилството“, која тврди дека победата на владејачката Српска напредна партија (СНС) на неделните избори е резултат на изборна кражба. Опозициската коалициска претставничка Мариника Тепиќ, штрајкува со глад од 18 декември кога почнаа протестите. Таа им порача на демонстрантите дека во штрајкот со глад треба да се приклучат уште две пратенички од опозицијата, Јелена Милошевиќ од Ниш и Даниела Грујиќ од Нови Сад.

Насобраните носат транспаренти „Вклучи светло“, „Крадат пари, па крадат и гласови“, „Владетелите организираа беззаконие“, „Каде гласаше Илон Маск?“, а дел од демонстрантите носат и знамиња на ЕУ, пренсе Бета.

Претставниците на опозициската коалиција „Србија против насилство“, Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ вечерва соопштија дека нема да има откажување од барањето за поништување на декемвриските избори.

Граѓаните на Србија на 17 декември гласаа на парламентарни, покраински и локални избори во 65 градови и општини, вклучувајќи го и Белград. Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) посочи дека изборите ги одбележале сериозни нерегуларности, а европратенции и САД повикаа да се истражат сите забелешки на меѓународните набљудувачи.

Треба да знаете
Последни објави