Убиецoт од Прага го најавил масакрот со грозоморна порака

Повеќе од 15 лица загинаа во пукање на универзитет во Прага, а телото на напаѓачот е пронајдено во близина на областа на нападот, соопшти полицијата.Полицијата објави дека напаѓачот е студент на уметничката академија на карловиот универзит во Прага.

Би-би-си, повикувајќи се на полицијата, јавува дека напаѓачот е 24-годишен маж од село на 21 километар од Прага. Чешката полиција нешто по 15:00 часот извести дека интервенирала поради пукање на Филозофскиот факултет на Универзитетот, а напаѓачот е „елиминиран“.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан рече дека немало други напаѓачи и дека опасноста поминала. На вработените и студентите на факултетот им беше кажано да останат во канцелариите за време на полициската интервенција. Плоштадот и неговата околина се затворени. Карловиот универзитет се наоѓа во стариот дел на градот, на околу 500 метри од историскиот Карлов мост.

Убиецот, чие име, според чешките медиуми, е Давид Козак, наводно на почетокот на неделава на социјалната мрежа Телеграм објавил дека го мрази светот и сака зад себе да остави што повеќе болка.

За ова е запознаена и полицијата и е предмет на истрага.

Треба да знаете
Последни објави