Владата на Чешка на вонредна седница 23 декември, сабота, го прогласи за ден на жалост поради трагедијата на Факултетот за уметности на Карловиот универзитет во Прага во која 24-годишен студент уби 14 лица и повреди 24. На вонредната владина седница присуствуваа претседателот на Чешката Република Петр Павел и претседателката на Претставничкиот дом Маркета Пекарова Адамова,пренесуваат тамошните медиумите.
Се истражува дали напаѓачот бил убиен од полициски куршум или си го одзел животот, изјави началникот на полицијата Мартин Вондрашек. Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан рече дека стои зад полициската интервенција и дека таа била „многу професионална“.