„48 часа бев во индуцирана кома“: Мадона откри која личност и го спасила животот на концерт во Њујорк

Пејачката Мадона моментално е на турнеја која претходно ја одложи, откако и се слоши, а лекарите се бореа за нејзиниот живот.

Таа 48 часа беше во индуцирана кома поради бактериска инфекција, а сега на нејзиниот концерт во Њујорк јавно откри кој е најзаслужен за тоа што преживеа.

Таа испрати специјална благодарница до нејзината пријателка Шевон.

„Има неколку многу важни луѓе овде вечерва кои беа со мене во болница. Има една многу важна жена која ме одвлече во болница“, започна Мадона, пренесе „Пипл“.

„И не се сеќавам… се онесвестив на подот во бањата и се разбудив на интензивна… Бев во индуцирана кома 48 часа. Таа ми го спаси животот. Ти благодарам, Шевон“, додаде пејачката.

Треба да знаете
Последни објави