Во еден салон за автомобили во Кобург, Германија, крадци успеале да ги украдат сите гуми од три „AMG Mercedes“ и да ги остават автомобилите на бетонски блокови, пренесува „Bild“.
Некаде во периодот од 17 до 7 часот наутро, помеѓу 16 и 17 декември, крадците успеале да влезат во дворот каде што биле паркирани новите возила.
Тие отишле со три целосни комплети висококвалитетни тркала од две возила „Mercedes G-Class“ и едно „CLE Coupe“ и ги оставиле автомобилите поставени на бетонски блокови.
Продавачот на автомобили проценува дека штетата изнесува неколку десетици илјади евра, а полицијата сега бара сведоци и отвори истрага во која бара помош од секој што забележал сомнителни лица или возила во моментот на кражбата.