МЗШВ ги потсетува земјоделците дека рокот за аплицирање за дополнителни директни плаќања од програмата за финансиска поддршка е до 25 декември

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделци дека во тек е аплицирањето за дополнителните директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година.

Напоменуваме дека крајниот рок за поднесување на барањата е до 25 декември 2023 година.  

Како корисници кај подмерката 1.5 се јавуват земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир, а се корисници на подмерката 1.4 директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници.

Оствареното производство треба да е предадено на регистриран откупувач, вклучително произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, или истото е користено за домашни потреби, или пак е продадено на пазар.

Земјоделците барањата ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции”, на веб страната од  АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk. Пополнетото барање потебно е да се испечати и потпишано да се достави во писмена форма до АФПЗРР, преку пошта, или директно до архивата на Агенцијата.   

Покрај аплицирањето за мерката 1.5 земјоделците можат да аплицираат и за мерките

  • „Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион”,
  • „Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети”,
  • „Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје”,
  • „Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети”,
  • „Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје” и
  • „Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед”

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, упатува апел до сите земјоделци навремено да ги пополнат барањата и да аплицираат, остварувајќи го правото за дополнителни директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади.

Треба да знаете
Последни објави