Белград: Полицијата откри тинејџери кои нарачувале да се испраќаат пораки за бомби

Полицијата идентификувала и пронашла 14-годишник и 15-годишник од Белград, кои се сомничат дека преку платформа за „игри“ нарачувале да се испраќаат заканувачки пораки за наводно подметнати експлозивни направи. Против малолетниците и нивните родители е поднесена кривична пријава.

Акцијата ја спроведоа припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Одделот за технологија – Канцеларија за борба против високотехнолошкиот криминал, Управата на криминалистичката полиција – Управата за борба против тероризмот и Полициската управа за градот Белград, во соработка со Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Исто така, во координација со МУП на Србија, Одделот за криминалистичка полиција при Тузланскиот кантон пронајде и и идентификува малолетник, кој се сомничи дека преку истата платформа „гејминг“ нарачал испраќање пораки со заканувачка содржина за поставени експлозивни направи во образовна институција во Босна и Херцеговина во која учи, соопшти полицијата на Србија.

Постои сомневање дека малолетниците од Белград во специјално креирана група на таа „гејминг“ платформа од малолетниците кои претходно во полициската акција беа идентификувани како испраќачи на над 80 електронски пораки за наводно подметнати експлозивни направи во образовни и други институции на територијата на Србија и регионот барале да се испраќаат закани, а во исто време на платформата разменувале искуства за начините за заштита на анонимноста на Интернет.

Против малолетниците во редовна постапка е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело предизвикување паника и неред, а против родителите на осомничените во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

Треба да знаете
Последни објави