Закон за легализација на дивоградби нема да има, пратениците го одбија

Нов закон за легализација нема да има бидејќи пратениците на денешната седница го огромно мнозинства гласаа против законските измени кои ги предложи пратеникот Скендер Реџепи, а кои предвидуваа легализирање на огромен број на дивоградби во заштитени подрачја, национални паркови и зони на извори на вода за пиење.

Вкупно 63 пратеници гласаа „против“, 20 беа „за“ а еден пратеник гласаше воздржано.

Предлагачот, пратеникот Скендер Реџепи, образложувајќи ги измени пред пратениците наведе дека со законските измени се носи сигурност кај семејствата кои имаат дивоградби и дека нивниот број е околу 50 илјади.

„Има над 50 илјади семејства кои живеат во дивоградби. Ние сме пратеници и одговорни сме и за овие 50 илјади семејства кои живеат во дивоградби, и на оваа категорија на граѓани треба да им се создадат подобри услови за живот и безбедност. Ова се граѓани во тешка состојба. Не се криминалци. Со овие измени морковот е за граѓаните а стапот за инспекторатите кои не си ја вршат својата работа“, рече Реџепи.

Невладините кои беа решително против овие измени на Законот за легализација ја поздравија одлуката на пратениците.

Легализацијата на дивоградби првпат беше овозможена преку Законот за третман на бесправно изградени објекти од 2011 година. Законот и рокот за поднесување барања за легализација во неколку наврати претрпе измени а со постојното законско решение крајниот рок до кој можеа да се поднесат барања за легализација на дивоизградени објекти беше до 31 декември 2018 година со услов дивоградбата да била изградена најдоцна до март 2011 година.

Треба да знаете
Последни објави