Лукаревска: Исплативме 593 милиони евра поврат ДДВ кон стопанството

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Како прв човек на УЈП можам да кажам дека вративме ДДВ кон стопанството од близу 593 милиони евра, или прецизно 36.455.848.313 денари. Со овие средства индиректно се обезбедени ликвидни средства за сигурно домашно производство, средства за набавка на суровини, и за сите потреби што ги имаат компаниите, вели заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во интервју за порталот Фактор.


-Согласно последните податоци за месец ноември, остварен е вкупен приход од  10 милијарди денари, што е реализација од 111,76 отсто од планираниот вкупен приход за месец ноември. Со оглед на тоа дека 2023 година беше специфична, што поради енергетската криза, што  поради светските случувања и конфликтите, имам право да кажам дека сум задоволна од наплатата. Се преземаа мерки навремено и соодветно да одговориме на потребите и да ги оствариме проекциите за наплата, да обезбедиме средства за потребите кои однапред биле планирани со Буџетот, потенцира Лукаревска.


Согласно со последните податоци, за месец декември, поточно за првите петнаесет дена од месец декември остварена е  вкупна наплата поголема за 22,4 отсто, имаме повисока наплата на данок на добивка за 8,54 отсто, данок на личен доход од 14,21 отсто, и повисока наплата на ДДВ за 47,84 отсто, додава Лукаревска во интервју за Фактор.

Треба да знаете
Последни објави