Европскиот и англиски фудбалски шампион Манчестер сити од вечерва е и светски клупски првак. „Граѓаните“ во финалето на Светското клупско првенство кое се одржа во Саудиска Арабија без проблеми го совладаа убедливо б разилскиот Флуминенсе (4:0). Хулијан Алварез по само 40 секунди ја затресе мрежата на Флуминенсе, а „граѓаните“ водството го зголемија со автоголот на Нино во 27 минута. Манчестер сити постигна уште два гола во второто полувреме, и тоа преку Фил Фоден во 72 минута и повторно преку Алварез во 88 минута за конечни 4:0. Манчестер сити не виде мака на патот до светската круна, но се соочи со фрустрирачки стартови на прпотивничките играчи од кој настрада Родри. Според првите информации станува збор за повреда на коленото, а деталните прегледи ќе покажат колку долго извонредниот играч за врска ќе морада паузира од терените.