Еден од ранетите во вооружениот напад на Карловиот Универзитет во Прага кој го изведе 24-годишниот студент Давид К. на 21 декември, им подлегна на здобиените повреди. Бројот на жртвите од ова злосторство се искачи на 15 лица, соопшти чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан.
Повртеденото лице починало во болница. Меѓу убиените нема странски државјани. Чешката полиција соопшти дека меѓу повредените има двајца државјани на Обединетите Арапски Емирати и еден на Холандија.
Во пукотницата на Филозофскиот факултет во Прага, студентот по историја Давид К. со пушка уби 13 студенти и предавачи, рани 25 лица, па се самоуби. Пред да го изврши овој грозоморен чин Давид К. го убил својот татко во селото Хостуњ кај Прага, а потоа му испратил СМС порака на својот пријател дека ќе се самоубие. Полицијата тргнала во потрага по него и ја евакуирала споредната зграда на Филозофскиот факултет каде што тој имал предавање, но напаѓачот наместо тоа влегол во главната зграда каде немало полиција, донел торба со повеќе оружје и муниција и пукал на четвртиот кат од зградата.
Сторителот на кривичното дело имал дозвола за поседување осум парчиња оружје. Полицијата во Чешка ги засили превентивните мерки за заштита и стави повеќе полицајци на улица отколку во нормални околности. Засилените безбедносни мерки ќе траат најмалку до 1 јануари 2024 годин