Иако не звучи толку пријатно, експертите инсистираат на тоа дека студот е многу корисен за нашето здравје. Децениските истражувања ја поврзуваат изложеноста на студ, без разлика дали тоа е туширање, капење или трчање на отворено во текот на зимата, со безброј придобивки.
Помага при губење на тежината: може да го стимулира процесот на термогенеза, кога телото согорува калории за да произведе топлина.
Го намалува ризикот од депресија: може да го подобри расположението и да ги намали симптомите на депресија, благодарение на ослободувањето на невротрансмитери како што се норадреналин и допамин.
Го намалува стресот: Го намалува нивото на стрес, го подобрува расположението и ја зголемува способноста на телото да се прилагоди на различни видови на стрес.
Ја подобрува кондицијата: вежбањето на студ може да го зголеми согорувањето на калориите и да ја зголеми издржливоста.
Го подобрува сексуалниот живот: Го зголемува нивото на тестостерон и естроген, што може да го подобри сексуалниот нагон, пишува Дејли Мејл.
Без разлика на придобивките, пристапот кон студот мора да биде постепен.