Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) .
Од 23 декември 2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат, моторен бензин Еуросупер БС – 95 76,50 денари за литар, моторен бензин Еуросупер БС – 98 78,50, дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 73,00, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 и Мазут М-1 НС 41,937 денари за килограм.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,017 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,9 денари за килограм.
Од Регулаторната комисија информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек, кај бензините за 4,5 отсто кај дизелот за 5,3 отсто, кај екстра лесното масло за 5,3 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 4,7 отсто.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 23.12.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.