Српскиот фудбалски првак Црвена звезда, има старо-нов тренер – Владан Милојевиќ. Трофејниот тренер на „црвено-белите“ Милоевиќ се враќа на „Маракана“, откако пред неколку дена е прекината соработката со Израелецот Барак Бахар. Милоевиќ без многу размислување по четири години прифати да се врати меѓу „црвено-белите“ каде седеше на клупата од 2017 до 2019 година ѝ го предводеше тимот до две шампионски титули и играше во групната фаза од Лигата на шампионите.