Ахмети: Нашата иднина е Европа, да чекориме рамо до рамо се до реализација на оваа програма

Претседателот ДУИ, Али Ахмети денеска во годишното обраќање истакна дека нашата иднина е Европа и апелираше балканските земји да чекорат заедно, рамо до рамо, се до реализација на програмата за влез во Унијата.

  -Нашата иднина е Европа, ние сме европејци и нема како да се двоуми Европа за членство на нашата земја, Албанија, Косово и Црна Гора, се до исполнување на стандардите и на Србија со прифаќање на најновата држава во Балканот, Косово.

Сите сме европејци.

Затоа апелирам, исто како што сум рекол и пред десет години, затоа што Украина не е далеку, и велам не на Русија – да на Европа, и да чекориме сите заедно, рамо до рамо, се до реализација на оваа програма, истакна Ахмети.

 Ахмети зборуваше за важноста на членството во НАТО како една од важните цели на ДУИ за обезбедување на мирот, стабилноста и нула проблеми со соседите.

-Благодарение на овој ангажман ние ја земавме одговорноста за наоѓање на решение и на спорот со Бугарија и се направи Договорот за добрососедство, рече Ахмети.

Но според него, опозицијата прави дневни политики и свои пресметки за како да дојде до власт, но не им е на прв план членството на земјава во Европската Унија.

-Сум им рекол и на нив во нашите средби, а уште еднаш и јавно го кажувам ова: ако се патриоти, тогаш треба да подржат промена на Уставот и Бугарите да бидат уставна категорија, затоа што на овој начин македонскиот народ ќе биде легитимиран на меѓународно ниво.

А ние Албанците не сме против нив, туку нас не имаат како поддршка, да не ја изгубат поддршката на нивните сограѓани кои никогаш не го оспориле ниту идентитетот ниту јазикот, туку секогаш дале поддршка.

Нашата шанса е членството во ЕУ, и ние не можеме да направиме поголема услуга на нашиот народ од членството во ЕУ, додаде претседателот на ДУИ Ахмети.

Со членството во ЕУ, како што кажа Ахмети, луѓето ќе останат во својата земја и на овој начин може да се направат проекти за враќање на луѓето кои ја напуштиле.

Тој исто така во обраќањето посочи дека ДУИ во текот на годините се обиде да направи научна политика а не фолклорна, како и дека се обиде да направи рационална политика и филозофија, а не емоционална политика.

Треба да знаете
Последни објави