(Вознемирувачко Видео) Падна Дедо Мраз од балкон од 24 кат и загинал

Алпинист облечен како Дедо Мраз загинал кога паднал од балкон на 24 кат во станбена зграда во рускиот град Челјабинск.

Според локалните медиуми, мажот требало да слезе во дворот на детска забава и да подели пакетчиња.

На несреќата посведочиле деца и возрасни, кои биле собрани во дворот на зградата од која паднал мажот, пишува РИА Новости.

Според информациите кои руската агенција ги добила од обвинителството, жртвата е родена 1974 година.

Треба да знаете
Последни објави