Од 25. декември (понеделник) па се до Божиќ, седми јануари, на Плоштадот во Скопје ќе се одржува празничен базар.
Програмата ќе биде исполнета со богата музичка програма на македонски естрадни ѕвезди како Дарио, Ареа, Љубојна, Пајак, Антонија Гиговска, Некст Тајм, Саут парк, Лозано, Дани, Нино Величковски, Викторија Лоба, Дупер, Ламбе Алабакоски и други…
За дочекот на Новата 2024та година, на Плоштад Македонија ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.
Токму со Мерак Меана и фолк ѕвездите, скопјани и посетителите од надвор, ќе влезат во новата година, а нивниот настап започнува во 23.30 часот.
Празничкиот базар и дочекот на новата година е во организација на „Комора на музичка индустрија”, во соработка со Град Скопје.