Суарез му се придружи на Меси во Интер Мајами

Легендарниот уругвајски фудбалски напаѓач, 36-годишниот Луис Суарез потпиша договор со Интер од Мајами, објави клубот од американската МЛС лига (Major League Soccer). Уругваецот во Мајами им се придружува на поранешните соиграчи од редовите на шпанската Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

-Среќен сум и возбуден што прифаќам нов предизвик со Интер. Едвај го чекам почетокот на сезоната, подготвен сум напорно да работам за да го остварам сонот за освојување на титулата со овој голем клуб“, изјави Суарез за клупската веб-страница по потпишувањето договор кој има важност до крајот на 2024 година.

Уругвајскиот репрезентативец доаѓа во Мајами од бразилскиот Гремио, каде постигна 26 гола во сите натпреварувања. Во текот на кариерата играше и за Национал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Атлетико Мадрид. Севкупно, тој постигна повеќе од 500 голови во седниорска конкуренција за клубовите за кои настапуваше и за селекцијата на Уругвај во кариерата која трае речиси две децении. За репрезентацијата забележа 138 настапи и постигна рекордни 68 голови.

Треба да знаете
Последни објави