Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје пласираше средства во износ од 64,5 милиони евра од заемот од Европската инвестициска банка преку ЕИБ 7 кредитната линија за трајни обртни средства и инвестиции за МСП и mid-cap компании, вклучително и зелена транзиција.
Со овие средства, се обезбедува поддршка на 201 проекти (94 за долгорочни инвестиции и 107 за обртни средства) и се овозможува креирање на 206 нови работни места, соопшти Развојната банка.
Средствата од кредитната линија се пласирани преку деловните банки и во најголем дел се наменети за компании во сегментот на производство и трговија.
Кредитите се пласираат со каматна стапка до 3,5% годишно кон крајните корисници.
Рокот на отплата на кредитите е до 12 години за инвестициските кредити и mid-cap проектите, и до 3 години за кредити за обртни средства. Со овој заем кој Развојната банка го склучи со ЕИБ на 24. 07.2023 година, се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно пазарно капитализирани компани.