Речиси девет од десет Грци, односно 88 отсто изразуваат загриженост за зголемувањето на цените, а најголема загриженост за 50 проценти од анкетираните, создаваат цените на храната, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
За темата што е актуелна во Грција, односно за предлог-законот за истополовите бракови што Владата во некој момент ќе го донесе во Парламентот, мислењето на испитаниците е поделено, 45 отсто се позитивни, а 46 проценти негативни, додека пак за можноста законски да бидат признаени децата на истополовите парови, 56 проценти имаат негативен став.
Во однос на спортското насилство, 43 отсто од анкетираните сметаат дека владините мерки се во правилна насока, но се потребни одредени промени, а 34 проценти одговориле дека се во погрешна насока.
На политичката сцена, Нова демократија е прва со 31,5 отсто, ПАСОК е на втората позиција со 13 проценти, СИРИЗА трета со 12 отсто.
Истражување на агенцијата „Pulse“ за телевизијата „Скај“, било спроведено од 18 до 20 декември со анкетриани 1. 107 лица со право на глас.