Како што се наближуваат новата година и празниците, така се зголемува и метежот во сообраќајот како во градските така и надвор од градските средини.
За тоа сведочат и фотографиите направени попладнево на една од патарините на еден од излезите од Скопје.
На една недела од Новата година се интензивираат патувањата низ државата но и гужвите низ маркетите, моловите, пазарите и трговските центри.
Подготовките за Новогодишните и Божиќните празници се во полн ек.