СДСМ значи државотворност, повеќе пари кај граѓаните и европска перспектива, партија која се идентификува со клучните успеси на македонски народ и македонската држава, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на денешната трибина Повеќе за сите во Кочани.
-Успеавме да направиме стабилна, сигурна, слободна, демократска држава, со растечка економија, поголеми плати и пензии, од кога било порано. Сите ние сме горди на тоа. СДСМ значи еднакви граѓани, значи просперитет, повеќе пари кај граѓаните, значи слобода на говорот, СДСМ значи борба за достоинствен живот и најважно, значи борба за европска иднина, рече Ковачевски.
Ние парите ги насочивме кон граѓаните, со нашите мерки и политики создаваме еднакви можности и подобри услови за секој човек, јас секогаш сакам да говорам со факти и бројки, потенцираше претседателот Ковачевски.
-Факт е дека во најголемата светска економско-енергетска криза обезбедивме економски раст. Никој не беше оставен сам. Факт е дека имаме надолен тренд кај инфлацијата, сега е веќе на ниво пред кризата и ќе продолжи да се намалува. Факт е дека име реален раст кај платите и пензиите и куповната моќ на граѓаните. Просечната плата СДСМ ја покачи на речиси 39.000 денари, или 630 евра. Неспоредливо со времето на ДПМНЕ кога просечната плата беше 360 евра. Факт е и дека вративме 2,6 милијарди евра кај граѓаните и компаниите. И Факт е дека со СДСМ на власт има Повеќе за сите!, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината Повеќе за сите во Кочани.