Повеќето жени копнеат за рамен стомак и цврсти стомачни мускули. Како да го добиете стомакот од соништата за најкратко време? Заборавете на класичните стомачни вежби, кои нема да го отстранат „појасот за спасувње“ околу половината и фокусирајте се на вежбата со вакуум.
Овој тип на вежбање е сè попопуларен и има таргетиран ефект врз стомачните мускули. Тоа не влијае на согорувањето на калориите, туку напротив ги затегнува мускулите, а со тоа телото добива изглед на вретено, бидејќи колку се затегнати мускулите, толку е потенок струкот. Покрај стомачните мускули, оваа вежба ги зајакнува и мускулите околу ‘рбетот.
Многу Јутјубери ја испробаа оваа вежба и ги забележаа своите резултати. Ако вакуум вежбите се прават 7 дена, крајниот резултат е околу 2,5 см помал обем на половината.
Тајната на оваа вежба е правилното дишење. Во оваа вежба, дишењето ги активира и зајакнува најдлабоките стомачни мускули, така што едноставно одржувате контракции по вдишувањето.
Еве како правилно да ја направите оваа вежба:
- Вдишете и издишете длабоко и вовлечете го во стомакот толку силно како да сакате да го „залепите“ папокот за ‘рбетот. Колку повеќе го повлекувате стомакот, толку е посилна контракцијата и поефикасно ќе биде ова движење.
- Држете го стомакот 15 секунди за да започнете, и како што напредувате, зголемете го времетраењето на стискањето до 60 секунди, земајќи плитки вдишувања по потреба. Повторете 3 до 5 пати.
- Кога сте подготвени за потешка верзија на затегнување на стомакот, направете ја вежбата клекнати на раце и колена или исправено седејќи на стол или на топка за пилатес.
- По одреден период на постојано вежбање, ќе можете делумно да го држите стомакот вовлечен додека седите или стоите во текот на денот.