Користете го овој евтин производ за да ја исчистите цела куќа и да се ослободите од прашината

Советите на искусните домаќинки понекогаш вредат злато. Едно од нив е како да се ослободите од прашината, особено во зимските месеци.

Можеби ќе се изненадите, но примената на глицеринот е многу широка и ќе ви помогне во најнеочекуваните ситуации, дури и ќе заштедите време, пари и нерви.

Иако сите знаеме за неговата употреба во медицинската индустрија, глицеринот е состојка која добрите домаќинки паметно ја користат за да ги одржат своите домови чисти и сјајни.

Така, со помош на глицерин можеме да ја исчистиме целата куќа. Еве пет начини на кои можете да користите глицерин:

1. За чистење на „тешки“ дамки

Можете да ги отстраните дамките од бобинки така што извалканото место ќе го натопите во глицерин еден час, а потоа ќе го исплакнете со солена вода. Ќе исчистите дамка од свежо кафе или чај ако извалканиот дел од облеката го ставите во мешавина од глицерин и кујнска сол (1:1). Штом дамката избледи, веднаш измијте ја на вообичаен начин (на рака или во машина).

2. Глицерин против прашина

Ако полирате лакиран дрвен мебел и огледала со глицерин, на нив нема да се таложи прашина.

3. Ги обновува кожните предмети

Ако кожниот предмет се истрошиле со текот на времето (јакна, чанта или кожен комплет), избришете го со глицерин. Можеби нема да го вратите на првобитниот изглед, но ќе изгледа мноу подобро.

4. Подовите ќе светат

Ако имате паркет или ламинат во вашата куќа, избришете ги со вода и глицерин (2-3 лажици глицерин на 5 литри вода). Подовите ќе светат, а прашината нема да се акумулира толку брзо.

5. Чисти прозорци

Избришете ги прозорците со мешавина од глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и заборавете на прашината и нечистотијата.

Треба да знаете
Последни објави